Нов играч на пазарот на гас, никој не знае кој е

Bez autora
Oct 13 2013

На македонскиот пазар со гас влегува уште една компанија, „Мастер гаспром“. Оваа информација што беше соопштена завчера, отвори низа прашања и шпекулации. Сепак, актуелните компании што се занимаваат со овој бизнис, немаа никаков коментар околу тоа, ниту пак, сакаа да кажат подетални информации за која фирма станува збор, кој е сопственикот и дали на Македонија навистина во моментов и' е потребен уште еден снабдувач со гас. Веќе функционираат „Макпетрол“ и „Балкан енерџи груп“, БЕГ, како најголеми, и „Куманово гас“, „Струмица гас“ и петнаесетина други помали компании со лиценци за снабдување, дистрибуција или трговија со гас. Се претпоставува дека БЕГ нема да биде загрозен со појавата на уште една компанија на пазарот, бидејќи фирмата е увозник на овој енергенс за свои потреби, а не за комерцијална продажба. Односно, набавува гас за потребите на скопските топлани и за гасната централа ТЕ-ТО, за производство на струја.

Нов играч на пазарот на гас, никој не знае кој еНа македонскиот пазар со гас влегува уште една компанија, „Мастер гаспром“. Оваа информација што беше соопштена завчера, отвори низа прашања и шпекулации.

Сепак, актуелните компании што се занимаваат со овој бизнис, немаа никаков коментар околу тоа, ниту пак, сакаа да кажат подетални информации за која фирма станува збор, кој е сопственикот и дали на Македонија навистина во моментов и' е потребен уште еден снабдувач со гас. Веќе функционираат „Макпетрол“ и „Балкан енерџи груп“, БЕГ, како најголеми, и „Куманово гас“, „Струмица гас“ и петнаесетина други помали компании со лиценци за снабдување, дистрибуција или трговија со гас.

Се претпоставува дека БЕГ нема да биде загрозен со појавата на уште една компанија на пазарот, бидејќи фирмата е увозник на овој енергенс за свои потреби, а не за комерцијална продажба. Односно, набавува гас за потребите на скопските топлани и за гасната централа ТЕ-ТО, за производство на струја.

Всушност, „Макпетрол“ би била компанијата што веројатно би имала последици од влезот на оваа конкурентска компанија која веќе доби лиценца за снабдување со гас од Регулаторната комисија за енергетика. И покрај тоа, надлежните од „Макпетрол“ не коментираа ништо. „Компанијата прв пат го слуша името ’Мастер гаспром‘ и немаме никаков коментар околу најавата за нејзин влез на пазарот“, ни рекоа од „Макпетрол“. Истата изјава ја добивме и од одговорните во нејзината фирма-ќерка за пренос и управување со природен гас, ГАМА.

Која е всушност „Мастер гаспром“ и чии домашни и странски имиња се вртат околу оваа компанија? За неа нема никакви податоци на интернет, што би можело да се протолкува дека станува збор за новорегистрирана фирма. Во јавноста, пак, се шпекулира, всушност, дека зад нејзиното име се крие познат македонски бизнисмен, кој од поодамна најавувал дека сака да ја прошири досегашната дејност со нов, вносен бизнис, за што интензивно и долго време преговарал со руски „Газпром“, кој е инаку традиционален партнер, снабдувач со гас на „Макпетрол“.

Инаку, според објавената информација во медиумите, „Мастер гаспром“ е македонска компанија со украински партнер. Откако ја добила лиценцата од РКЕ, доставила и банкарска гаранција од 50 милиони евра, и од следната недела официјално влегува на македонскиот пазар. Според соопштението испратено од „Мастер гаспром“, компанијата ќе им понуди на македонските потрошувачи конкурентна цена и континуитет во испораката на гас.

„Предноста на нашата компанија е што има можности да понуди подобри услови од останатите компании во Македонија, поради партнерските односи со украинската фирма која има големо искуство на украинскиот пазар со гас. Имаме склучено директен договор со ’Газпром‘, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас“, информираа од компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik